Економија, финансии, бизнис

Контакт

Почнуваат постите за Рамазан, честитка од Комисијата за односи со верските заедници

Почнуваат постите за Рамазан, честитка од Комисијата за односи со верските заедници

По повод почетокот на постите за Рамазан денеска директорката на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи, Валентина Божиновска, упати честитка до поглаварот на Исламската верска заедница во Македонија, Реис Ул Улема Хаџи Сулејман ефенди Реџепи.

„Дозволете ми Вам лично и на членовите на Ријасетот, муфтиите, имамите и на сите граѓани од исламска вероисповед во Република Македонија, да Ви упатам честитки по повод почетокот на најсветиот месец кај муслиманите, Рамазан, посакувајќи деновите на овој свет месец да ги поминете во мир и благосостојба во Вашите семејства и домови. Нека овој празник биде поттик за зачувување на универзалните вредности на месецот Рамазан, и во тој дух на најголема светост и духовно прочистување, да се посветиме на меѓусебното помагање и почитување како возвишени вредности кои придонесуваат за нашата заедничка светла иднина“- стои  во честитката на Божиновска.

Секој ден во текот на месецот Рамазан, муслиманите стануваат пред изгревот на сонцето да јадат пред зората.  Тие може да продолжат да јадат и пијат по залезот на сонцето.

Муслиманите треба да посветат повеќе време и внимание врз следењето на исламските учења и во текот на постот да избегнуваат лоши мисли.

По триесетдневниот рамазански пост, следува тридневен Рамазански бајрам, кој се смета за голем празник во исламот.

Слично

Поврзани вести