Економија, финансии, бизнис

Контакт

Почнуваат летните одмори – УПОЗ го става штрајкот во мирување

Почнуваат летните одмори – УПОЗ го става штрајкот во мирување

Судската администрација штрајкот го става во мирување поради летните одмори.

Во овој период во судовите се извршуваат само неопходните  работи, а штрајкот на УПОЗ ќе продолжи во исто темпо  по завршувањето на одморите. При тоа се нагласува дека штрајкот ќе се активира ако административците трпат закани или притисоци. Платата на административците која судскиот буџетски совет одлучи да ја скрати за 40% поради штрајкот, уште не е исплатена.

„Истовремено сакаме да ја известиме јавноста и сите поддржувачи на оправданите барања на штрајкувачите, дека Синдикатот на УПОЗ и ЗСА во наредниот период ќе обезбедат средства и финансиски ќе ги помогнат штрајкувачите кои на незаконски и безобразен начин би биле казнети со задршка од нивните плати“ - додаваат од УПОЗ.

Штрајкот започна на 18 мај, а главното барање на судската администрација беше зголемување на додатоци на плати за 35%. Тие неколку пати организираа и протести пред Министерството за правда, но одреден период беа игнорирани од надлежните. Вчера за своите барања му пишаа и на премиерот Емил Димириев со барање да го разреши министерот за правда, Валдет Џафери.

Слично

Поврзани вести