Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПОЧНУВА ЗАПЛЕТОТ: Што се очекува од оставката на Премиерот?

ПОЧНУВА ЗАПЛЕТОТ: Што се очекува од оставката на Премиерот?

После најавата на премиерот Никола Груевски дека денеска ќе депонира оставката, во Скопје доаѓа еврокомесаорт Јоханес Хан кој ќе ги потсети сите страни на договорот од Пржино , според кој до 24 април е неопходно да се обезбедат услови за крдибилни избори.

Политичката аналитичарка Билјана Ванковска за оставката на премиерот од една страна вели дека е преседан, но исто така може да не значи ништо-бидејќи самиот премиер кажа дека се работи за условна оставка.

Таа, како што пренесуваат медиумите, рекла дека оставката е условена поради можноста опозицијата да го одбие датумот предвиден за одржување на изборите.

„Се претпоставува дека спротивната страна, опозицијата го прифати датумот за избори како што е утврдено со спогодбата од Пржино, а тоа е 24 април. Ако опозицијата одбие да го прифати тој датум, тогаш тоа не значи дека е оставка“, рекла Ванковска.

Сите партии денеска го чекаат доаѓањето на еврокомесарот Хан, кој би морал да ги притисне двете страни да се држат до она што го договориле.

Хан денес , почнувајќи од утрово ќе се состане со претставниицте на четирите полтички партиии од власта и опозицијата кои минатата година го потпишаа договорот за надминување на политичката криза.

На состанокот со потписниците на договорот во јули, Хан ќе ја повтори нивната одговорност за спроведување на истиот, вклучувајќи ја потребата до предвидениот рок да се обезбедат услови за кредибилни избори, соопштија од ЕК.

Според догворот од Пржино, Груевски, кој 10 години е на местото премиер, би требало да поднесе оставка 100 дена пред одржувањето на изборите.

Тој договор го потпишаа лидерите на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ како и двете најголеми албански партии.

Опозицијата која летово жестоко протестираше барајќи избори, сега смета дека не се целосно исполнети условите за демократски избори.

Како што е најавено, Централниот комитет на владечката гарнитура донесе едногласна одлука на чело на продната влада која треба да ги организира изборите да дојде генералниот секретар на оваа партија Емил Димитриев.

Личноста со која влдеачката  партија ќе настапи на следните избори ќе остане Никола Груевски.

Слично

Поврзани вести