Почнува учебната година за студентите
Од денеска започнува новата академска 2014/2015 година. Наставата ќе започне со првиот академски час на сите универзитети. На дел од нив ќе присуствуваат и претставници на Владата.
Така, министерот за образование и наука, Абдилаќим Адеми ќе присуствува првиот академски час во академската 2014/2015 година на Технолошко – металуршкиот факултет при Универзитетот Свети Кирил и Методиј во Скопје. Адеми ќе присуствува на првиот академски час на Државниот универзитет во Тетово.
Неговиот заменик Спиро Ристовски во Мултимедијалниот центар на Универзитетот “Гоце Делчев“ – Штип, ќе присуствува првиот академски час во оваа академска година.
На петте јавни универзитети, во Скопје, Битола, Тетово, Штип и Охрид, оваа година беа слободни 24.121места за нови студенти, од кои 10.048 на Универзитетот во Скопје. На Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола (УКЛО) имаше 3.595, на Државниот универзитет во Тетово (ДУТ), 5.310 места, на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип (УГД) 4.728 места, а на Универзитетот за информатички науки и технологија „Св. Апостол Павле“ во Охрид 440 слободни места.
Веќе имаше два уписни рока за прием на студенти - августовски и септемвриски, а на УКИМ, на факултетите на кои уште има слободни места, студенти ќе се запишуваат и утре.
Слично
