Почнува сослушувањето на сведоците пред Анкетната комисија, Груевски прв!
Денеска стартува сведочењето пред Анкетната комисија за прислушување.
Според распоредот прв сведок во 11 часот треба да биде премиерот Никола Груевски.
Во четврток треба да биде сослушан Мартин Протуѓер и Зоран Ставрески, на 11 декември Сашо Мијалков, на 14 декември Гордана Јанкулоска и на 15 декември Миле Јанакиески, според распоредот на претседателот на комисијата Шилегов.
Сослушувањето ќе се одвива зад затворени врати за јавноста бидејќи како што информираа од комисијата ќе имало доверливи информации кои не требало да бидат достапни за јавноста.
На листата сведоци на ВМРО-ДПМНЕ беа премиерот Груевски, вицепремиерот Ставрески и поранешната министерка за внаатрешни работи Јанкулоска, а на листата на СДСМ се Мијалков, Јанакиески и Протуѓер.
Сведоците по своја волја треба да дадат искази за фактите, околностите, меѓутоа и за содржината и нивната политичка одговорност за објавените прислушувани разговори. Анкетната комисија содржи сум членови од ВМРО-ДПМНЕ, четири на СДСМ, двајца од ДУИ, еден од ДПА и еден независен, и истата беше формирана како обврска од договорот од Пржино а целта е да ја дефинира политичката одговорност поврзана со прислушувањето и содржината на објавените материјали.