Почнува со работа Анкетната комисија за фалсификувани документи, без опозицијата!
На денешната прва седница членовите на Анкетната комисија за скандалот со фабриката за фалсификување лични карти, пасоши, афери и други документи треба да го усвојат Деловникот на Анкетната комисија и да постигнат договор за начинот како ќе работат.
Од опозицијата нема да учестуваат во работата на оваа Комисија, со образложение дека една Анкетна веќе постои и треба да се создадат услови таа да може да фунционира, а не да се прават паралелни комисии.
Инаку, претседател на комиисјата е координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.Потпретседател е Љупчо Димовски, додека за членови беа изберени Трајчо Димков, Благоја Деспотовски, Лилјана Кузмановска, Благица Ласовска, Андон Чибишев, Драган Данев, Талат Џафери, Ејуп Рустеми, Газменд Алији и Солза Грчева.
Анкетната комисија за скандалот за прислушувањето пак која беше формирана согласно договорот од Пржино остана во застој.
Таа комисија ја предводеше портпаролот на СДСМ Петре Шилегов, а нејзината работа се блокираше кога сведоците на ВМРО-ДПМНЕ одбија јавно да сведочат.
