Почнува со изградба рударски комплекс во Казандол
Компанијата Сардич МЦ по истражувања од две години, на 25-ти август почнува со изградба на рударски комплекс за експлоатација на бакар во Казандол, крај Валандово.
Инвестицијата е англиска, која за таа цел ја отвори македонската компанија Сардич МЦ, која треба да реализира инвестиција од 35 милиони евра.
Во првите седум години се очекуваат приходи од близу 135 милиони евра или околу 20 милиони евра годишно.
На Казандол се потврдени резерви од 33 милиони тони рудни количина. Во фабриката што ќе се изгради во комплексот ќе бидат вработени 100 лица, а индиректно во целиот комплекс ќе бидат ангажирани 250 лица.
Ова е првпат по 4 децении во земјава да се гради рудник.
Слично
