Економија, финансии, бизнис

Контакт

Почнува протестот на „Протестирам“ од пред СЈО

Почнува протестот на „Протестирам“ од пред СЈО

Демонстрантите и вечерва се собраат пред седиштето на СЈО.

Се протестира веќе девети ден поради одлуката на претседателот, Ѓорѓе Иванов да аболицира политичари од власта и опизицијата. Протестот  го организира здружението „Протестирам“. Се бара  итно повлекување на одлуката за аболиција на сите оние против кои се води истрага и против кои е покренато обвинение од Специјалното јавно обвинителство (СЈО), итна и неотповиклива оставка на  Иванов, произнесување на Уставниот суд за уставноста на СЈО, формирање специјално одделение на Кривичниот суд, кое ќе биде надлежно за случаите под јурисдикција на СЈО, итно повлекување на одлуката за одржување на парламентарни избори на 5 јуни, задолжително вклучување и присуство на независни претставници на граѓанското општество во процесот на решавање на кризата, формирање на преодна влада која докрај ќе ги имплементира итните реформски приоритети од извештајот на Прибе.

Вечерва голем собир пред Собранието ќе има ГДОМ, а протести ќе има и утре на кои Албанците ќе го искажат револтот.

Претседателот Иванов денеска повика на мирни протести и да не се уништуваат добрата, како и да не се нарушува јавниот ред и мир.

Слично

Поврзани вести