Почнува пролетта, a во истовреме е и светски Ден на среќата!
Попладнево пролетта и официјално ќе пристигне во Македонија. Во Македонија и на целата северна хемисфера новото годишно време настапува денеска во 17.57 часот, а во исто време на јужната полутопка на Земјата ќе настапи есента.
Според метеоролозите првиот пролетен ден во Македонија ќе биде претежно сончев, со дневна температура до 22 степени.
Пролетта трае до 21 јуни, кога почнува летото. Летното сметање на времето ќе почне ноќта меѓу 29 и 30 март, кога часовниците ќе треба да се поместат еден час нанапред.
Во истовреме, денешниот ден во светот се одбележува како Меѓународен ден на среќата.Овој ден беше воспоставен од Обединетите нации во 2012 година, оценувајќи дека „потрагата по среќа е една од основните цели на човекот“.
Хуманитарната организација „Акција за среќа“ годинава ги повика луѓето од целиот свет да поставуваат на социјалните мрежи фотографии кои ги прават среќни. Целта на оваа акција, според организацијата, е да ја врати среќата од „канџите на потрошувачкото општество“.
Според неодамнешното истражување на оваа организација, иако 87% од луѓето би сакале да бидат среќни со многу пари, всушност најголемиот дел од нив ги прават среќни нивните врски со семејството и пријателите - значи работи кои не можат да се купат со пари.
Слично
