Економија, финансии, бизнис

Контакт

Почнува проектот „Мрежа за поддршка на млади претприемачи“

Почнува проектот „Мрежа за поддршка на млади претприемачи“
На 11.09.2014, четврток, со почеток од 12.00ч, во Информативниот центар на ЕУ, ПСМ Фондација ќе одржи промотивна конференција со цел почеток и промоција на проектот “Мрежа за поддршка на млади претприемачи”. На конференцијата ќе учествуваат претставници од партнерските организации вклучени во имплементација на проектот: Александар Филипоски од ПСМ Фондација, Марија Ефтимова од Здружение на работодавачи на Скопје, Емилија Велковска од Фондација МИР и Ивана Станковска од Националниот центар за развој на иновации и претприемачко учење. На конференцијата ќе бидат презентирани активностите на проектот, како и можностите за вклучување на младинските организации во мрежата. Проектот “Мрежа за поддршка на млади претприемачи” е финансиран од Европската Унија и има за цел да ги зајакне капацитетите на граѓанските организации, како и да овозможи координација на иницијативите водени од граѓанските организации за поттикнување на младинско претприемништво. Мрежата претставува моќен механизам за координација и поврзување на владиниот, бизнис и граѓанскиот сектор преку премостување на бариерите за соработка и креирање на долготрајни врски.
Слично

Поврзани вести