Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПОЧНУВА: Луна паркот ќе се гради фазно!

ПОЧНУВА: Луна паркот ќе се гради фазно!

Градот Скопје ќе потроши околу 211 илјади евра за набавка на првите два реквизити за новиот Луна парк.Според податоците од веб страната на Бирото за јавни набавки договорот за набавка,транспорт и монтажа на реквизитите Градот го склучил со компанијата „Ивама трејд ДООЕЛ“. Проценетата вредност на договорот со вклучен ДДВ е 1,7 милиони евра.

Од Градот Скопје велат дека активностите околу изградбата на новиот Луна парк ќе се одвиваат во неколку фази и во неколку години. Според планот изградбата се очекува да заврши во 2018 година.По неколку неуспешни обиди за јавно-привтно партнесрство Градот реши сам да го гради новиот Забавен парк 

„Во оваа фаза која треба да заврши во текот на наредната година, спроведена е набавка на 7 реквизити и избране изведувач изградба на инфрструктурни работи во Забавниот парк.Во однос на постапката, истата е деллива на 7 делови (реквизити) кои беа предмет на набавката. Реквизитите се разни видови на лулашки, вртелелешки, тобогани и сличен вид на забавно-рекреативни забавни содржини. Фазната реализација ќе овозможи и фазнио реализирање и во секој од наредните буџети ќе се обезбедуваат средства во висина неопходна за набавка на нови реквизити и други тековни активности за реализација на проектот,“ велат за Фактор од Градот Скопје.

Инаку ова се фирмите кои доставиле најниска понуда за реквизити за Забавниот парк.

Дел од предметот на набавката

Понудувач

Вкупна цена без ДДВ (денари)

Дел 1реквизит саламантес

“Боминг Оливер и др.“ Доо – Скопје

29.212.000,00

Дел 2-реквизит Слободен пад

“Боминг Оливер и др.“ Доо – Скопје

52.127.000,00

Дел 3 реквизит Среќна лулашка

“Ивама траде“ Дооел – Скопје

5.000.600,00

Дел 4 реквизит Воз Ел Пасо

“Боминг Оливер и др.“ Доо – Скопје

1.534.000,00

Дел 5 реквизит Мини филџанчиња

“Ивама траде“ Дооел – Скопје

6.000.000,00

Дел 6 реквизит Скокалиште

“Боминг Оливер и др.“ Доо – Скопје

5.227.500,00

Дел 7 реквизит сафари авантура

“Боминг Оливер и др.“ Доо – Скопје

11.480.000,00

Извор: Град Скопје

Новиот Луна парк ќе се гради на површина од 40.000 метри квадратни на локацијата во Градскиот парк. Според планот Забавниот парк треба да има два адреналински, шест семејни и 18 детски реквизити, а вкупната вредност на инвестицијата е  6,5 милиони евра. Идејното решение изработено од авторите Климент Патчев, Филип Конески, Борис Јурмовски, Марјан Димиќ и Борко Георгиев. Основниот проект го подготви фирмата „Билд Урбан“.Градот пред три месеци го склучи договорот со компанијата „Жикол“ од Струмица за изградба на Забавниот парк.

„На јавниот повик повик за забавниот парк за инфраструктурни работи. договор за изградба на инфрструктура беше потпишан со фирмата Жикол и тие треба да ги спроведат сите неопходни подготовки за да стартуваат со градежните работи. Со проектот треба да се изведат градежни работи  за партерно уредување со надворешна инфраструктура во забавниот парк. и изградба на придружни објекти, влезен портал , гардероби, работилница , магацини и тоалет.  Во моментов се прават документационите подготовки за започнување на изведбените рработи, а Град Скопје од буџетот ќе издвои 101,5 милиони денари“, велат од Градот.

Три години градските власти се обидуваа да најдат концесионер за изградба на новиот Луна парк. Досега има неколку пропаднати тендери, или немаа комплетна документација, а и имаше и случај кога не беше стигната ниту една понуда. Во обид да се најде инвеститор за јавно-приватно партнерство, Градот неколку пати ги менуваше и условите јавните огласи. По неуспешните обиди, инвеститор одлучи да биде  Градот. Првично инвестицијата беше проценета на 12 милиони евра, па потоа се намали на 6,5 милиони евра. Инаку токму изградбата на новиот Луна парк, беше и еден од адутите во текот на локалните избори на  кандидатот и сегашен градоначалник на Град Скопје Коце Трајановски.

Т.С

Слично

Поврзани вести