Почнува летното сметање на времето
Ноќеска, во два часот по полноќ започнува летното сметање на времето, а стрелките на часовникот се поместуваат за еден час напред.
Летното сметање на времето започнува на 30 Март, а ќе заврши во недела на 26 октомври во 3 часот по полноќ, соопштуваат од Бирото за метрологија.
Летното сметање на времето се врши административно пред сè заради економска заштеда на енергија, односно за што е можно подобро искористување на дневната светлина за време на подолгите летни денови.
За разлика од ова, зимското сметање на времето се смета за „реално“. За првпат ваква промена била забележана во 1916 година во државите на северот на Европа, а сега летното сметање на времето се практикува во 70 земји во светот, но не во ист ден.
Слично
