Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ќе се пушти во употреба катната гаража „Судска палата“

Ќе се пушти во употреба катната гаража „Судска палата“
Во близина на МРТВ денеска ќе биде пуштена употреба катната гаража „Судска палата“. На пуштањето ќе присуствуваат министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески и градоначалникот на општина Центар Владимир Тодоровиќ. Новата катната гаража со деловен простор „Судска палата“ е во близина на комплексот на судовите, до новиот објект на Кривичен суд на булеварот „Гоце Делчев“. Предвидени се 500 паркинг места, на површина од околу 20.000 метри квадратни. Деловно-административиот простор што се наоѓа во делот од катната гаража е 15 отсто од вкупната површина и содржи деловни простории. Изведувач на работите е ГП Бетон, а проектот е изработен од Проектантската куќа Мегарон.
Слично

Поврзани вести