Почнува екстерното – од прашањата збунети и учениците и родителите
Околу 190.000 ученици во основните и средните училишта од денеска до 10 јуни ќе бидат екстерно тестирани за нивните знаења. Целта е да се проверат нивните оценки и начинот на оценување на наставниците, но во истовреме, оценките ќе влезат и во конечниот успех на учениците.
Тестирањето се спроведува етапно, а така ќе се објавуваат и резултатите. Предност и во полагањето и во добивањето на резултатите ќе им се даде на осмоодделенците, затоа што уписите за средно започнуваат на 23 јуни.
Голем број родители на социјалните мрежи реагираат за содржината на прашањата кои се очекува учениците да ги одговараат на тестот. Тие постираат и фотографии со прашањата за кои велат дека се во компјутерскиот систем, но кои се нејасни дури и за нив:
Првите тестирања започнаа и со 20-минутно задоцнување во одредени општини, затоа што падна компјутерскиот систем на кој требаше да се спроведе испитот.
Тестирањето го следат 638 набљудувачи, а ќе бидат ангажирани 175 администратори. Активни се и инспекторите на Државниот просветен инспекторат кои го контролираат екстерното тестирање. Како дополнителна техничка поддршка, во функција се и кол-центрите на Државниот испитен центар.

Слично