Почнува да тече рокот за отпис на долгови
Граѓаните кои сметаат дека ги исполнуваат законските услови од денеска во Центрите за социјална грижа во нивното место на живеење можат да поднесат барање за еднократен отпис на долговите.
Барањата се доставуваат во следните 30 дена. Доколку биде утврдено дека ги исполнуваат условите, граѓаните можат да добијат простување на долговите за неплатени сметки, рати од кредити, камати, нотарски и извршителски трошоци.
Деталите како да аплицирате на следниот ЛИНК.
Надлежните очекуваат оти мерката ќе ја искористат меѓу 50.000 и 100.000 граѓани кои имаат проблем да ги платат своите долгови заради лошата социо-економска состојба.
Вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески и министерот за труд и социјална политика Диме Спасов, денеска ќе го посетат Центарот за социјални работи Гази Баба за да се уверат како тече пријавувањето.
Слично
