Почнува целосната примена на ЕЕС системот за влез ЕУ - какви промени има на границите?
Системот за влез во Европската унија (EES - Entry/Exit System) од денеска треба да стане целосно оперативен и да ги регистрира сите странски државјани што ќе ги преминуваат надворешните граница на ЕУ преку кој било копнен премин, пристаниште или аеродром.
Со системот што почна да се применува делумно од 12 октомври лани, на надворешните граници на Европската Унија се воведува нов, дигитализиран начин на евиденција и контрола на државјаните што патуваат за краткорочен престој, а се од држави што не се членки на ЕУ.
Министерството за внатрешни работи уверува дека ставени се во функција сите расположливи ресурси, за брз и непречен проток на патници на нашите гранични премини, а од Асоцијацијата на превозници „Макамтранс“ велат дека не се очекуваат зголемени застои и тесни грла на граничните премини за товарниот сообраќај од вообичаените.
Со денешното целосно воведување на ЕЕС системот, влезовите и излезите ќе се евидентираат електронски, а системот ќе овозможи обработка на основни биометриски податоци (отпечатоци од прсти и фотографија). Целта е побрза идентификација и поефикасно следење на дозволениот престој во согласност со правилото 90 дена во период од 180 дена, со што времето на задржување на граничните премини за влез во ЕУ би се зголемило.
foto printskrin
