Економија, финансии, бизнис

Контакт

Почнува бришењето на 30 илјади фирми

Почнува бришењето на 30 илјади фирми
Започнува постапката со која ќе бидат избришани од евиденција над 30.000 фирми во Македонија, што немаат поднесено годишна сметка. На списокот на Централниот регистер се најдоја и компании кои не поднеле завршна сметка и за деловната 2013-та или пак пријава за упис на адреса на електронска пошта. Според законот, основачите и управителите на фирмите кои ќе бидат избришани од Централниот регистер, следните три години ќе немаат право да основаат или да управуваат со друга фирма. Сите фирми кои предвидуваат да започнат стечајна или ликвидациска постапка, ќе можат претходно за тоа да го известат Централниот регистер во рок од една година, по што ќе бидат избришани. Овие измени во Законот за трговски друштва стапи на сила од почетокот на годинава и со него се предвидува да се бришат сите пасивни фирми кои годишно нема да поднесат завршна сметка и доколку немаат запишано емаил адреса до 31 демекври 2014 година. (И.К)
Слично

Поврзани вести