Почнува 14-от протест против аболицијата на Иванов
Пред СЈО се собираат граѓани, со што почнува 14-от протест на „Протестирам“ против одлуката за помилување на политичари од шефот на државата, Ѓорѓе Иванов.
Револтот и вечерва граѓаните ќе го искажат пред повеќе институции. Се бараа оставка на Иванов, повлекување на аболицијата, одложување на изборите, формирање на експертска влада. Протести вечерва ќе има во девет градови. Деновиве револтираните граѓани фрлаа боја и обоија повеќе споменици и институции.
Слично
