Почнете да штедите, ова се цените на iPhone 8 смартфоните
Нема дискусија дека iPhone отсекогаш бил еден од најскапите телефони на пазарот, но со промената на технологијата на Apple и вложувањето во OLED екраните од Samsung се очекува дополнителни да се зголемат трошоците на производство, а со тоа и крајните купувачи да се соочат со повисоки цена.
Стивен Милуновиќ, аналитичарот од UBS, смета дека поради примената на новите OLED екрани Apple ќе мора да ја подигне цената на своите смартфони, па така основниот модел на iPhone 8 со 64 GB меморија ќе чини 850 долари, додека пак најмоќниот со 256 GB меморија ќе има цена од над 1000 долари.
Секако ова се однесува за без склучен договор со мобилниот оператор, но се очекува и цените за пост-пејд двегодишните понуди исто така да бидат доста повисоки од досегашните. За споредба најскапиот Galaxy S8 Plus кој чини 1050 долари има 6 GB RAM и 128 GB основна меморија.
