Почнала бизнис и ги освоила швајцарските инвеститори
Анита Бушиќ од Хрватска долго време чекала работа во Завод за вработување, но кога се уморила почнала свој бизнис и ги освоила швајцарските инвеститори.
Таа по професија е молекуларен биолог и осмислила апликација BodyRecog која помага за физичката подготвеност на луѓето и го открива ризикот од болести.Апликацијата е наменета за обични граѓани, спортисти, лекари, тренери и други професионалци.
Ова е иновација на Бушиќ и нејзината фирма. Таа досега добила 23 награди и е една од најдобрите бизнисменки во земјата.
„На крај наидов на швајцарски инвеститори и тргна добро. Уште првата година идејата ја препознаа како квалитетна“ - раскажува Бушиќ.
Швајцарците ја плаќале и вложувале во нејзиниот проект.
За таа цел освен во Хрватска, фирма отворила и во САД, бидејќи странците не сакаат да бидат косопственици во компанија која е основана во Хрватска.
Слично
