ПОЧНА ВАКЦИНАЦИЈАТА НА СТУДЕНТИТЕ ВО СРБИЈА: Досега се вакцинираа околу 1.000 студенти
Вакцинацијата на
студенти од денеска се врши во Белград, Ниш, Крагујевац...Заинтересираните
можат да аплицираат по телефон или да закажат термин по електронска пошта,
додека оние што живеат во студентски домови можат да се пријават и во управата
на домовите, како и во сојузот на студенти.
Студентската поликлиника Ниш доби 1.400 дози вакцини „АстраЗенек“, па директорот на таа институција, Радомир Пешиќ, апелира до сите студенти да аплицираат за вакцинација против ковид на телефонскиот број 062-8268703 или преку е-пошта studentkanis@gmail.com.
Бидејќи вакцините пристигнаа денес, бројот на студенти кои одлучија да бидат имунизирани ќе биде познат во догледно време, а Пешиќ додава дека размислуваат да отворат и дополнителни пунктови за вакцинација.
- Постои голем интерес на студентите за процесот на вакцинација - вели д-р Марија Обрадовиќ, в.д. Директор на Студентската поликлиника.
- Досега се вакцинирани околу 1.000 идни академски граѓани со хронични заболувања, посебни потреби, како и студенти од последна година по медицина, фармација и некои други факултети кои се организирале преку студентски организации на факултетите.
FOTO: TANJUG/M. S.