Економија, финансии, бизнис

Контакт

Почна судскиот процес против Шиповиќ

Почна судскиот процес против Шиповиќ
Не сум нанел штета на државата, ниту пак некој од управниот и надзорниот одбор на „Машинопромет“ се стекнал нелегално со средства при продажба на имотот на компанијата, се бранеше пред судот денеска претседавачот на Советот на општина Центар Мирослав Шиповиќ. Започна судскиот процес за случајот „Претседавач“ во кој се обвинети 12 лица, меѓу кои и Шиповиќ. Обвинението ги товари дека незаконски работеле со имотот на „Машинопромет“. Шиповиќ денеска се бранеше дека за да помогне на „Машинопромет“, неговата фирма го откупила долгот од Поштенска банка, која покренала стечајна постапка. Додека траеше рочиштето, пред судот, СДСМ заедно со градоначалникот на Центар Андреј Жерновски и советниците од редовите на СДСМ изразија поддршка за Шиповиќ. „Ние сме цврсто убедени во неговата невиност и знаеме дека тоа ќе се докаже во текот на судскиот процес“, изјави Дамјан Манчевски, потпретседателот на СДСМ, кој изрази надеж дека „судот ќе одлучи согласно законите и доказите, а не по политички диктат од власта“.
Слично

Поврзани вести