Почна со работа Media Daily - Медиум за медиуми
По повод денешниот светски ден за слобода на медиумите, во 7.58 часот почна со работа новиот веб портал mediadaily.biz наменет исклучиво за медиуми од Југоисточна Европа.
Порталот е покренат како дел од емисијата Добро утро Хрватска, на првиот канал на ХТВ, а како топ тема гостин во емисијата беше главниот уредник Невен Шантиќ кој најави текст со наслов United group - Медиумски господари на Балканот, во кој новинари од портали од целиот регион го анализираат агресивното ширењето на овие групации и медиумските потреси кои допрва следат.
Прв гост коментарот е познатиот новинар Горан Милиќ, а mediadaily.biz донесува и цели текстови за актуелните случувања на медиумската сцена.
Слично
