Почна школската година, проблем за семејниот буџет!
Новата учебна година 2014/2015 започнува за 280 илјади основци и средношколци. Од нив, 20 илјади првачиња прв пат ќе седнат во училишните клупи.
Министерот за образование и наука, Абдилаќим Адеми и заменик министерот за образование и наука, Спиро Ристовски ќе ги промовираат новите учебници по предметите “математика“ и “природни науки“ за учениците од прво до трето одделение.
Учебниците се изработени врз основа на наставните програми на Меѓународниот центар за наставни програми – Кембриџ, адаптирани на македонските национални особености.
Учениците во пониските одделенија годинава ќе учат хемија, физика и биологија, предмети што досега беа резервирани за повисоките одделенија.
Поради заразната жолтица има препораки учебната година децата да ја започнат со задолжително миење раце.
Во меѓувреме, новата учебна година донесе и проблеми по семејнииот буџет.
Тетратки, нова есенска облека, обувки, ранец, резервни униформа за школо. до одѕвонувањето на прво септемврското ѕвонче, се се тоа трошоци што мора да се платат и чинат меѓу 50 евра и 100 евра, скусен буџет во секое семејство.
Слично
