Економија, финансии, бизнис

Контакт

Почна „сезоната“ на оштетени македонски возила во Грција – настрада автомобил на Лефкада

Почна „сезоната“ на оштетени македонски возила во Грција – настрада автомобил на Лефкада
Битолчанец пријавил во полиција дека возилото му било оштетено викендов на грчкиот остров Лефкада. Според информациите, непознати сторители со црн спреј му ги исшарале двете регистерски таблички. Оштетувањето на возилото „пежо“, Македонецот го пријавил и во грчката полиција, но таму не изготвиле записник за случајот. По враќањето настанот уште еднаш го пријавил и во македонската полиција. Оштетувањето на македонски автомобили во Грција зачести откако беа воведени нови регистерски таблички со ознаката МК. Нападите беа особено чести лани, во екот на туристичката сезона, кога голем број граѓани се вратија од Грција со оштетени автомобили и таблички.
Слично

Поврзани вести