Економија, финансии, бизнис

Контакт

Почна седницата, Премиерот прв сведок пред Анкетната комисија за прислушувањето

Почна седницата, Премиерот прв сведок пред Анкетната комисија за прислушувањето

Зад затворени врати и далеку од очите на јавноста почна сослушувањето на премиерот Никола Груевски.

Тој е првиот сведок кој се сослушува пред пратениците на Анкетната комисија кој ќе даде исказ за скандалот со прислушувањето.

Претседателот на комисијата Петре Шилегов бил информиран дека Никола Груевски нема да влезе во салата се додека медиумите се присутни, a премиерот тоа го побарал бидејќи сакал седницата да се одвива во мирна атмосфера.

На денешната седница требаше како сведок да се појави и екс министерката Гордана Јанкулоска, но не се појави.

На сведочење не дојде ниту  министерот за финансии Зоран Ставрески, а сведочење одбегнаа и Мартин Протоѓер - шеф на кабинетот на Груевски, Миле Јанакиески - поранешен министер за транспорт и врски, и екс директорот на УБК Сашо Мијалков.

Слично

Поврзани вести