Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПОЧНА ПРОТЕСТОТ ПРОТИВ ПОСКАПУВАЊЕТО НА СТРУЈАТА: Mицкоски го првите редови

ПОЧНА ПРОТЕСТОТ ПРОТИВ ПОСКАПУВАЊЕТО НА СТРУЈАТА: Mицкоски го првите редови

Граѓаните излегоа на протести пред Министерството за правда за да го искажат револтот од поскапувањето на струјата. 

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, пред два дена ги повика граѓаните на протест против поскапувањето на струјата. Тој на протестот се појави во првите редови. 

Од партијата очекуваат дека Владата ќе реагира во рок од неколку дена, а доколку тоа не се случи протестите ќе продолжат. Бараат и оставка од Марко Бислимовски од Регулаторната комисија за енергетика. 

Струјата од неодамна е покачена за 7.5 отсто. Според ВМРО-ДПМНЕ ова е нереално покачување и товар за граѓаните. 

Протестот ќе заврши пред РКЕ. 

Слично

Поврзани вести