Економија, финансии, бизнис

Контакт

Почна протестот пред Собрание, се бара оставка од шефот на државата

Почна протестот пред Собрание, се бара оставка од шефот на државата

Неколку стотини граѓани попладнево се собраа на протест пред Собранието на Република Македонија.

Трет ден протестираат против одлуката на претседателот Ѓорге Иванов да помилува 56 политичари и функционери. Граѓаните извикуваат  „Нема правда нема мир“, “Оставка“ и носат транспаренти на кои пишува „сакаме обвиненија за криминалци и сакаме исчистен избирачки список.“

Демонстрантите бараат  ослободување и отфрлање на какви било обвиниенија против 13-те приведени од вчерашните протести, оставка на Иванов, отпочнување на процес за избор на експертска влада, која ќе го подготви теренот за демократски избори.

Завчера протестите беа мирни, но вчера гневот на граѓаните ескалираше при што беше демолирана канцеларијата на Иванов и Министерството за правда.

Слично

Поврзани вести