Економија, финансии, бизнис

Контакт

Почна производството во фабриката Дрекслмаер во Кавадарци

Почна производството во фабриката Дрекслмаер во Кавадарци
Германската компанија за производство на автоделови Дрекслмаер и официјално започна со производство во новиот објект во Кавадарци, стои во соопштението од компанијата. Оттаму информираат дека во новата фабрика се вработени 150 вработени, а  половина од нив  ја завршиле обуката во производствениот погон на компанијата во Сату Маре, Романија и во централата во Вилзбибург, Германија. До крајот на 2012 година ќе го зголемиме сериското производство и ќе вработиме повеќе од 200 лица. Во наредните години, бројот на вработени значително ќе се зголеми во зависност од повеќе фактори како што се економското опкружување и побарувачката на потрошувачите. За да се обезбеди доволно простор за вакво производство во тек е изградба на модерна фабрика на површина од 50.000 квадрати која ќе биде готова на лето, 2013 година - велат во Дрекслмаер.  
Слично

Поврзани вести