Почна мисијата за пренуркување на Охридско Езеро
Педесетина нуркачи денеска ја започнаа несекојдневната мисија за пренуркување на Охридското Езеро, подводно фотографирање, снимање и позиционирање на места од интерес на научната јавност.
Меѓународниот нуркачки иструктор Милутин Секуловски –Миќо заедно со негови колеги од Охрид, Дубровник и од Албанија, во наредните четири месеци, ќе се соочат со предизвикот да пренуркаат рута од 80 километри и длабочина од 5 до 15 метри.
На македонската страна, нуркачите посебно ќе истражуваат локација во Струга каде што сметаат дека има потонати објекти.
„Како бројка кога ќе ви каже некој 80 километри изгледа дека е лесно да се помине,но верувајте дека ако нуркате секој ден ,тогаш ваков потфат тешко дека некој може физички да го издржи,бидеќи условите за нуркање во вода се доста специфични“, изјави Милутин Секулоски-Миќо, меѓународен нуркачки инструктор.
На крајот на проектот е планирана документарна емисија и изложба на подводни фотографии со кои се очекува да се откријат многу тајни што ги крие езерото.
Слично
