Економија, финансии, бизнис

Контакт

Почна ловот, Македонската фармацевтска компанија бара аквизиција во Хрватска

Почна ловот, Македонската фармацевтска компанија бара аквизиција во Хрватска

Алкалоид тргна во преговори со помалите фарматцевски компании пишува хрватскиот весник  jutarnji.hr. од каде што додаваат дека Живко Мукаетов со задоволство би преземал некоја фармацевтска фирма во регионот, можно е дури и во Хрватска.

„Досега „скениравме“ неколку мали компании во Хрватска, но не би сакал да прецизирам за кои фирми се работи. Но, ние секако мораме да бараме добри партнери во регионот за да продолжиме да остваруваме вакви добри резултати“, изјавил Мукаетов за плановите и инвестициите во фирмата во блиска иднина пред хрватските новинари.

Алкалоид засега не е близу до целта на преземање на некои фирми бидејќи, како што изјавил генералниот директор Мукаетов, досега само се разговарало, а не е договорено ништо.

Пред хрватските медиуми првиот човек на компанијата која годишно во просек вработува околу стотици нови работници и вложува во своите капацитети, зборува и за успехот и остварениот раст на компанијата.

„Мислам дека слободно можеме да кажеме дека сме една од најбрзо растечките фармацевтски компании во регионот, за десет години пораснавме два и пол пати и сме присутни на повеќе од 30 пазари во светот. На фармација ни отпаѓаат околу 80 посто од бизнисот , а оснататото го сочинуваат сегменти од козметика и билка. Со повеќе од 1600 вработени, ние сме еден од најголемите работодавци во земјава, но растат и нашите пазари во околината“, истакнува Мукаетов.

Идни планови

Задржување на ваквата позиција на сцената на фармацијата и екстензивен раст се плановите на Мукаетов.

Според пишувањата на jutarnji.hr, до 2018 година Алкалоид планира на странските пазари да регистрира 370 нови производи и со 135 милиони приходи да пораснат на 160 милион, а се споменуваат и партнерства со светски силни брендови и компании како  што се Sandoz, La Roche или Nycomed.


Слично

Поврзани вести