Почна конститутивната седница без опозицијата
Во законодавниот дом започна конститутивната седница на новиот, осми по ред парламентарен состав. Седницата ја отвори најстариот меѓу новоизбраните пратеници Стојан Миланов од Социјалистичката партија на Македонија.
Во салата забележително е отсуството на избраните пратеници од СДСМ и нивните коалициски партнери, како и Руфи Османи кој требаше да биде пратеник на НДП. Тие ги вратија мандатите затоа што не ги признаваат изборите и изборните резултати.
Во новиот состав на парламентот ВМРО-ДПМНЕ има 61 пратени,19 има ДУИ, 7 - ДПА и еден пратеник има партијата ГРОМ. На седницата треба да биде избран и новиот претседател на Собранието. За тоа се потребни 62 гласа, а предлогот го доставуваат најмалку 20 пратеници.
На конститутивната седница на македонското Собрание присуствувапретседателот Ѓорге Иванов, претставници на дипломатскиот кор и други гости.
Слично
