ПОЧНА ИЗГРАДБАТА НА ТРГОВСКИ ЦЕНТАР ВО СОПИШТЕ: Екс градоначалникот Трпковски се пофали, бил ветен во неговата предизборна кампања во 2021
Поранешниот градоначалник на Општина Сопиште, Стефче Трпковски, информира дека започнува реализацијата на проектот за изградба на трговски центар во општината, кој бил дел од неговата изборна програма во 2021 година.
Според неговата објава на социјалните мрежи, проектот бил подготвен и договорен, но неговата реализација била одложена поради административни пречки и судски постапки.
- -Денес, после сите предизвици, започнува изградба на објект кој ќе донесе нов развој за општината – наведува Трпковски.
Како што посочува, новиот трговски центар ќе опфати паркинг простор од 2.025 квадратни метри, деловен простор од 2.618 квадратни метри, како и уредено парковско зеленило.
Проектот, според него, треба да отвори нови можности за бизнис и вработувања во општината.
- -Сопиште заслужува развој, напредок и проекти што остануваат зад нас – наведува Трпковски во објавата.
Слично
