ПОЧНА АКЦИЈА НА ФИНАНСИСКА ПОЛИЦИЈА И ИНСПЕКТОРИТЕ: Кој е крив за празните рафтови
Владата на Република Северна Македонија ги информира граѓаните дека од страна на Управата за финансиска полиција, заедно со Државниот пазарен инспекторат и Управата за јавни приходи се спроведуваат засилени и сеопфатни контроли за да се спречат евентуални манипулации во снабдувањето со храна и горива., соопштија денеска од Владата.
„Инспекциски контроли на дистрибутивните центри кои вршат снабдување со прехранбени продукти и на правните субјекти кои вршат трговија на мало и големо со нафтени деривати на територија на целата држава се спроведуваат со цел да нема застој во снабдувањето со прехранбени производи, овошје, зеленчук, енергенси и да не се создава паника кај потрошувачите. Контролите се сеопфатни и затоа се делува координативно и пред сé кај дистрибутивните центри, односно трговците на големо и оние маркети кои имаат сопствени магацини и дистрибутивни центри од каде што се преземаат производите. На овој начин ќе се надминат сомнежите дека не се дополнуваат рафтовите со производи, иако ги има на залиха и токму затоа се прават контроли во дистрибутивните центри на големо, стои во соопштението.
Владата апелира дека во овие услови никој не смее да профитира на грбот на граѓаните.
