ПОЧИВАЈ ВО МИР БОЖЈИ: Погребот на Денис Тот е утре, последен поздрав од најблиските
Хрватскиот ракометар Денис Тот кој несреќно почина на 8 април во Скопје, ќе биде погребан утре. Некрологот го објави брат му Борис Тот, а објавата е придружена со емотивни зборови за прерано загинатиот. Тот според официјални податоци бил претепан од тројца, од кои двајцата се пронајдени, а третиот е во бегство.
Денис Тот ќе биде погребан во родното Ѓаково.
„Со тажно срце и длабока болка, на нашите роднини и пријатели им ја објавуваме тажната вест дека нашиот драг и никогаш прежален Денис Тот почина со трагична смрт во петокот, 8 април 2022 година, во 28-годишна возраст. Последното збогување со нашиот драг покоен ќе биде во вторник на 12.04.2022 година во 15 часот на градските гробишта во Ѓаково. Почивај во Божји мир!“

Денис Тот беше донесен во петокот во Клинички центар каде му била вршена реанимација, но тој во текот на денот им подлегна на повредите. Иако првично и полицијата тврдеше дека бил донесен без видливи траги на насилство, камери докажаа дека хрватскиот ракометар починал како последица на тепање.
