Економија, финансии, бизнис

Контакт

Починати, иселени, преселени лица-Првични детали од вкрстената проверка на ДИК!

Починати, иселени, преселени лица-Првични детали од вкрстената проверка на ДИК!

Во тек е јавна седница на која Државната изборна комисија го соопштува нецелосниот извештај од вкрстената проверка за Избирачкиот список.

Според она што досега е соопштено, евидентирани се голем број на починати лица, многумина се иселени од земјава, а други пак ја промениле адресата.

Од ДИК соопштија и дека само половина од спорните гласачи се проверени во МВР, или 41 одсто.

Од вкупно 41.863 барања за проверување лични карти, МВР проверило 19.689, додека од 68.695 барања за проверка на патни исправи проверени се 8.519.

Од Избирачкиот список, како што објавија дел од медиумите ќе се избришаат  1.129 лица за кои постоело основ дека е починати.

За 3.372 лица државјани на РМ за кои постои сомневање дека се на привремена работа во странство не постои евиденција за што ДИик дополнително ќе бара податоци од МВР, јави НОВАТВ.

Сепак, теренската проверка уште не е завршена, а  повеќе од 50 отсто од лицата кои биле спорни за теренска проверка не се најдени на адресите каде што се регистрирани.

Овој извештај кој не е целосен, се презентира во пресрет на распуштањето на Собранието.

Вчера, претседателот на парламентот, Трајко Вељаноски, најави можно одложување на чинот на распишување на изборите за да се добие дополнително време за прочистување на Избирачкиот список.

Слично

Поврзани вести