Почина уште едно бебе, надлежните молчат
Нов смртен случај на новороденче повторно ја стресе Клиника за гинекологија, пишува „Фокус“.
Според документите и бројот на болничка историја на пациентката 8261, се работи за родилката К.С. од скопското село Батинци, која на клиниката била донесена како итен случај и имала предвремено одлепена постелка. „Фокус“ разговараше со некои од семејствата на кои им се случила ваква трагедија.
Чекаат да помине одреден период, болката да се намали, за да споделат со јавноста каква голгота поминале на клиниката, како се однесувале со нив лекарите и сестрите на клиниката и во какви услови се лекувале.
Некои од нив размислуваат и да покренат судски процеси против одговорните.
Слично
