Економија, финансии, бизнис

Контакт

Почина уште еден од повредените во фабриката во Сопиште, сопственикот заработи кривична пријава

Почина уште еден од повредените во фабриката во Сопиште, сопственикот заработи кривична пријава
На Универзитетска клиника за хируршки болести „Св. Наум Охридски“ - Скопје на повредите им подлегнал и 27-годишниот работник кој настрада во фабриката за пиротехника во Сопиште. Тој имаше изгореници на 80% од неговата кожа. Причина за смртта се опсежноста и длабочината на изгорениците од трет степен, како и зафатеноста на респираторните патишта. Минатата недела почина неговиот постар 59-годишен колега, кој се здоби со исти повреди и изгореници при експлозијата во фабриката. По експлозијата за живот се бори уште една жена, која и натаму е хоспитализирана на Клиниката за анестезија, реанимација и интензивно лекување во Скопје. Министерството за труд и социјална политика денеска поднесе кривична пријава во врска со експлозијата во фабриката за пиротехнички материјали. Инспекцијата утврдила дека тројцата работници не биле соодветно обучени и заштитени при работата. Освен ова, ќе бидат поднесени барања за повеќе прекршочни постапки против сопственикот на фирмата „Ицемак“, која според трудовите инспектори имала повеќе неправилности во работењето. Инспекцијата заклучи дека сопственикот дозволил пристап на вработени лица на работни места кои се изложени на сериозни и специфични опасности, а не добиле посебни упатства за работа, не обезбедил лична заштитна опрема за вработените како и нејзина употреба, не извршил повремени прегледи и испитувања на работната средина и опрема и не ја испитал микроклимата, физички и хемиски штетности во работните и помошните простории.  
Слично

Поврзани вести