Економија, финансии, бизнис

Контакт

Почина тригодишно девојче, родителите укажуваат на лекарски пропуст

Почина тригодишно девојче, родителите укажуваат на лекарски пропуст
Родителите на тригодишната Анета од Прилеп, која утрово беше донесена во болница без знаци на живот, бараат одговорност за нејзината смрт. Тие бараат да се спроведе истрага која ќе утврди дали девојчето починало од тровањето со храна, или како последица од лекарски пропуст. Девојчето вчера било однесено во болница со висока температура со симптоми на труење со храна, но по примената терапија било пуштено дома. -Сметам дека има лекарски пропсуст. Со такви симптоми и со високи леукоцити, девојчето требаше да го задржат во болница, а не да го пуштат дома со една инфузија и сируп. Затоа сум лут, требало вечерта да го задржат девојчето, вели  Ајхан Неџиповски, дедо на малата Анета. Девојчето претходно немало никакви здравствени проблеми, но по конзумирањето на сендвич од локална сендвичара здравствената состојба му се влошила и покрај лекарската помош. -Девојчето беше челик здраво, ова е невидена работа. За нас здравството како да не важи затоа што ние сме Роми, рече другиот дедо на малата Анета, Севљан Ќазимовски Трагичниот случај е пријавен во полиција и во Основното јавно обвинителство, од каде е наредена обдукција.
Слично

Поврзани вести