Почина Тони Ристов портпаролот на ДОМ
Почина Тони Ристов долгогодишен портпарол на ДОМ, соопштија денеска од партијата на зелените.
„Го изгубивме Тони, кој беше долгогодишен портпарол на ДОМ и лицето на македонските зелени. Со него изгубивме топол и искрен човек, но и страсен екологист и борец за правда“ - се наведува во соопштението. Од ДОМ информираат дека посмртните останки ќе бидат изложени утре од 10 до 11 часот во капелата во Ѓорче Петров.
Слично
