Економија, финансии, бизнис

Контакт

Почина српската легенда Бора Тодоровиќ

Почина српската легенда Бора Тодоровиќ

Славниот глумец Бора Тодоровиќ починал утрово на Клиничкиот центар во Србија.

Бора Тодоровиќ  (84) пред неколку дена имал мозочен удар и паднал во кома.

На прославениот српски глумец наводно му  се слошило после операцијата на слепото црево. Операцијата поминала во ред, но тој неколку дена подоцна се пожалил на болки и одеднаш му се слошило.

Лекарите го оперирале и констатирале дека имал мозочен удар. После неколку дена поминати во кома, утрово ја изгубил битката.

Бора Тодоровиќ е роден на 5 ноември  1930 во учителско семејство во Белград. Откако се откажал од машинските студии, студирал глума во клас заедно со Љуба Тадиќ, Слободан Цица Перовиќ и Марко Тодоровиќ кај професорот Јоже Лауренчиќ.

Слично

Поврзани вести