Економија, финансии, бизнис

Контакт

Почина штипјанецот Шекуларац - една од легендите на Југославија

Почина штипјанецот Шекуларац - една од легендите на Југославија

Драгослав - Шеки Шекуларац - "кралот на дриблингот" и легендата на Црвена Ѕвезда и југословенскиот фудбал почина на 81-годишна возраст.

Веста за смртта на фудбалскиот виртуоз, еден од најдобрите фудбалери во овој регион досега и симбол на едно време, беше потврдена на веб-сајтот на Црвена Ѕвезда.

Популарниот Шеки,е фудбалер чие име секогаш ќе се изговара со сета почит во сите екс-југословенски републики, објави Танјуг.

Роден е на 8 ноември 1937 година во Штип, а за Црвена Ѕвезда дебитираше во 1955 година и за 4 години во клубот играше 470 натпревари, постигна 119 гола, освои седум титули национални шампиони и пет купови..

Како тренер, направи тим кој по една година од неговото заминување од „Маракана“ стана шампион во Европа и во светот.

Со репрезентацијата на Југославија го освои второто место на СП во 1962 година.

По Црвена Ѕвезда, тој играше во Карлсруе, Сент Луј, ОФК Белград и Париз, а како тренер работеше и во Гватемала.

Јавноста ќе биде информирана за времето на комеморацијата и погребот.


Слично

Поврзани вести