Почина родилка во Прилеп-На кое ниво е здравството во земјава?
Родилка почина а новороденчето е спасено, синоќа два часа по полноќ во прилепската општа болница „Борка Талески“.
Младата 21-годишна мајка била донесена на одделението за гинекологија во текот на вчерашниот ден каде и што се породила и во стабилна состојба на свет донела здраво машко бебе.
Состојбата на родилката се искомплицирала околу 19 часот и резултирала со смрт . Според некои медиуми четворица доктори и анестезиолози се обиделе да ѝ ја стабилизираат здравствената состојба но бадијала.
Семејството ги обвинува докторите
Негрижа при лекување на мајката и вперен прст кон медицинскиот персонал посочија од семјството на починатата родилка.
Најблиските на С.Б. велат дека правдата ќе ја бараат на суд.
Надлежните пак не откриваат детали за овој случај а се очекува на најавената прес конференција да кажат што се случило.
Директорот на болницата ја потврдил информацијата за неколку медиуми дека починала млада родилка.
Здравството на ниско ниво, се почесто умираат родилки во болниците ширум земјава
Досега бевме сведоци на повеќе смртни случаи во кои токму родилките беа жрвти.
Се поставува прашањето дали здравствениот систем во земјава функционира онака како што треба или никој не води грижа за болниците во помалите места?
Од опозицијата досега многу пати посочуваат на колапс во здравството.
„Болниците се руинирани, граѓаните не добиваат квалитетни здравствени услуги, лекарите немаат основни услови за работа, умираат родилки и бебиња“, обвинија пред неколку дена од СДСМ.
Според релевантните меѓународни истражувања Македонија се наоѓа на последно место во Европа по здравствени услуги, а на прво место како држава во која најстресно се живее.
