Економија, финансии, бизнис

Контакт

Почина познатиот балкански пејач Халид Бешлиќ

Почина познатиот балкански пејач Халид Бешлиќ

Халид Бешлиќ почина во Клиничкиот центар на Универзитетот во Сараево, објави Н1.

Според медиумите, тој долго време бил хоспитализиран во КЦУС поради тешка болест.

Халид Бешлиќ е роден на 20 ноември 1953 година, во селото Кнежина, во близина на Соколац во Босна и Херцеговина. Потекнувал од скромно семејство, а уште како дете покажувал талент и љубов кон пеењето. Уште во младоста настапувал на училишни претстави и локални собири, каде што се истакнувал со својот глас.

Кон крајот на 1970-тите, Халид почнал да настапува во клубови и кафулиња низ тогашна Југославија. Неговиот прв значаен успех била песната „Беби, беби“ (1979), која му ги отворила вратите кон професионалната музичка сцена.

Тој доживеа вистински пробив во раните 1980-ти со низа хитови што го одбележаа целиот регион.

Слично

Поврзани вести