Почина Оливер Костуранов – претседател на Одборот на директори на Македонски Телеком
Македонски Телеком и Т-Мобиле Македонија со длабоко жалење известуваат дека вчера ненадејно почина претседателот на Одборот на директори на компанијата Оливер Костуранов.
Костуранов ја вршеше функцијата Претседател на Одборот на директори на Македонски Телеком од мај 2010 година и беше максимално посветен на оваа позиција која ја извршуваше со голем ентузијазам, информираат од Македонски Телеком.
„Оливер Костуранов ќе го паметиме како голем човек кој ја заслужува нашата најдлабока почит и врвен професионалец кој даде огромен придонес во унапредувањето на компанијата и нејзините вработени. Прераната смрт на г-динот Костуранов претставува голема загуба за Македонски Телеком и Т-Мобиле, како и Magyar Telekom и Deutsche Telekom групациите. Искрено сочувство до неговото семејство“, се наведува во соопштението.
Слично
