Млад планинар загина кај водопадите на Бабуна
Почина 24-годишниот Скопјанец кој вчера падна во бездна кај изворите на реката Бабуна, паѓајќи од 20-тина метри додека се испачувал по карпата кај водопадите. Станува збор за Атанас Л. од Скопје, кој бил рекреативен планинар и со група планинари оделе од Битола кон Солунска глава.
„Во критичниот момент Атанас Лиасовски во 13,30 часот се движел во група од шест лица на возраст од 20 до 30 години меѓу кои била и неговата девојка. Сите биле очевидци на трагичниот настан, тие виделе како нивниот пријател Атанас се лизнал и паднал и удрил во камен. Но, поради непристапниот терен никој не можел да му помогне“, изјави Анита Стојковска, портпарол на велешката полиција.
На денешната прес-конференција на велешката полиција беше прецизирано дека планинарите кои патувале со загинатото момче во полиција јавиле за помош дури еден час по несреќата, теренот бил мепристапен и немало сигнал на мобилните телефони.
Несреќата била пријавена во 14.30 часот, а момчето стигнало во Клинички центар по 20 часот.
Вчера од бездната момчето било изваден со помош на полициски хеликоптер. Планинарите го сакаат овој дел на Македонија, но несреќите не се непознати. Пред 15 години, на планината Јакупица загинаа четворица планинари на планинарското друштво Македон кај месноста Марина дупка. Тогаш тие беа затрупани од лавина .
Слично
