Почина Мирко Грбешиќ, еден од најбогатите Хрвати
Во 62-та година почина Мирко Грбешиќ, успешен бизнисмен во БиХ и Хрватска, инаку сопственик на Сапонија Осијек и Кандит, пренесува Вечерњи лист.
Откако состојбата му се влошила во понеделник, тој е префрлен во болница во Мостар,а денеска починал, потврдија од оваа здравствена установа.
Тој ја основаше фирмата Мепас, и го отвори Мепас Мол, најголем трговски во БиХ, лоциран во Мостар.
Роден е на 11 aвгуст 1960 година во Широки Брег. Во 1998 година за 20 милиони германски марки ја купи Сапонија. За Кандит, дал 6 милиони евра, и дополнително вложил за да производите се вратат на полиците меѓу потрошувачите.
Неговиот трговски во Мостар е со површина од 100.000 метри квадратни. Неговото богатство е проценето на 133 милиони куни, и се смета дека е 15-от најбогат Хрват.
Foto: Pixsell/Zoran Grizelj/Vecernji list
