Економија, финансии, бизнис

Контакт

Почина Мира Драгојевиќ, личната секретарка на Слободан Милошевиќ

Почина Мира Драгојевиќ, личната секретарка на Слободан Милошевиќ

Мира Драгојевиќ, долгогодишната лична секретарка на поранешниот претседател на Србија и СР Југославија Слободан Милошевиќ, денес е погребана на гробиштата во селото Елемир. 

По кратко боледување, пред два дена почина во болница во Белград, а на погребот беа присутни најблиското семејство и пријателите. 

Драгојевиќ е родена на 1938 година и беше лична секретарка на Милошевиќ во текот на целиот негов мандат, а по неговата смрт се грижеше за спомен собата  на поранешниот претседател на СР Југославија, која се наоѓа во седиштето на Социјалистичката партија во Белград. 


Слично

Поврзани вести