Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПОЧИНА МАТУРАНТОТ ВУКАШИН – ТОЈ Е Е 16-ТА ЖРТВА ОД ТРАГЕДИЈАТА ВО НОВИ САД: Не издржа по 4 месеци и 20 дена борба за живот

ПОЧИНА МАТУРАНТОТ ВУКАШИН – ТОЈ Е Е 16-ТА ЖРТВА ОД ТРАГЕДИЈАТА ВО НОВИ САД: Не издржа по 4 месеци и 20 дена борба за живот

Момчето кое беше тешко повредено при уривање на настрешница на Железничката станица во Нови Сад, почина по четири месеци и 20 дена борба за живот, станувајќи 16-та жртва на оваа трагедија која со месеци предизвикува протести на студентите и граѓаните во Србија.

Станува збор за Вукашин Црнчевиќ, 18-годишен матурант кој на 27 јануари беше префрлен на ВМА од Универзитетскиот клинички центар во Војводина, каде неговата состојба беше критична, но стабилна.

Од младиот човек денеска се простија студенти и професори од економското училиште „Светозар Милетиќ“ каде Вукаќин учеше, како и бројни граѓани на Нови Сад.

На училишната зграда беше истакнато црно знаме, а социјалните мрежи беа преполни со пораки на сочувство.

Во знак на сеќавање, денеска на повеќе локации во градот се одржа 16 минути молчење – по една минута за секоја изгубена жртва во трагичната несреќа.


Слично

Поврзани вести