Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПОЧИНА МАЈКАТА НА НАШИТЕ ДВЕ ДЕЦА - ДАНИЛО И МИЛИЦА - претседателот Вучиќ се прости од својата прерано замината поранешна сопруга

ПОЧИНА МАЈКАТА НА НАШИТЕ ДВЕ ДЕЦА - ДАНИЛО И МИЛИЦА - претседателот Вучиќ се прости од својата прерано замината поранешна сопруга

Српскиот претседател Александар Вучиќ се прости од својата поранешна прерано замината сопруга Ксенија Вучич, позната српска новинарка која во изминативе 30 години имаше успешна новинарска кариера.

Таа синоча ненадејно почина во својата 56 година од животот.

„Вечерва во Белград, одненадеж, во 56 година од животот, почина Ксенија Вучиќ, мајка на нашите две деца Данило и Милица, и моја прва сопруга. За местото и датумот на погребот дополнително ќе го известиме семејството и пријателите“, напиша Вуќиќ на својот инстаграм профил.

Не само српскиот претседател, веста за смртта на Ксенија ја шокираше модната дизајнерка Верица Ракочевиќ, која на својот Инстаграм профил напиша дека претходната вечер била со новинарката и дека двете се договориле за следната средба и дружење.

Претставници на СНС со јавни пораки се простуваат од Ксенија Вучиќ

„Мојата убава, добра, најпосебна пријателка. Поминавме 25 години заедно, се смеевме синоќа и со нетрпение ги очекувавме деновите што доаѓаат. Не верувам, нема да прифатам и да врескам од болка. Рековме се гледаме во понеделник, среќни и насмеани. Ти благодарам за твоето искрено пријателство, патувај со ангелите.Ти беше ангел кој чекореше по земјата. Збогум, мој Ксенџо“, напиша Верица Ракочевиќ.

Да потсетиме, Ксенија Вучиќ работеше како новинар повеќе од 30 години. Кариерата ја започна во ТВ Студио Б, а во последните години води исклучително популарни емисии на каналите на ТВ Пинк.

Слично

Поврзани вести